Јавна дебата за загадувањето 05.11.2019 Кино Фросина 19.00ч
Младински образовен форум (МОФ) го најавува деветото издание на јавниот дебатен настан АРГУМЕНТ: ОРГАНИЗИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ.
Аргумент ќе се одржи на 5 ноември (вторник) 2019, со почеток во 19 часот, во Кино Фросина, МКЦ. Оваа година МОФ ја организира дебатата во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
Тезата гласи: „ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА ДРЖАВАТА (НЕ) ПРЕЗЕМА СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО“.
Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]:
Јани Макрадули, заменик министер за животна средина
Горан Ангелов, директор на депонијата „Дрисла“
Негациски тим (тим кој ја негира тезата):
Невена Георгиевска, О2 Иницијатива
Стојан Велков. Граѓанска иницијатива „Здрава котлина“
Агенда на настанот:
• 19:00 - Регистрација
• 19:30 - Дебата: „Oвој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справување со загадувањето“.
• 21:30 - Коктел
Настанот ќе биде пренесуван на Радио МОФ. Извор : https://www.facebook.com/events/805674949864992/
Comments