top of page

Што може да се рециклира а што не

Writer's picture: miss. Informaciimiss. Informacii

Updated: Oct 28, 2019




Стакло[ бесконечно ] Хартија [5-7 пати] Метал [ бесконечно] Пластика [1-9 пати]


Метали Алуминиум, челик и конзерви можат да се рециклираат бесконечно број пати.Нивната откупна цена во рециклирачките центри е највисока.


Стакло


Исто така може да се рециклира бесконечно број пати. Многу е важно стаклото да биде двоено според видот , или ако прдоуктот содржи делови кои не се стаклени , задолжително да се отстранат пред одлагање.

Доколку стаклото не е сортирано според бојата ,или е скршено(измешано) тоа нема да биде прифатено за рециклирање.


Хартија/ Картон


Хартијата може да биде рециклирана 5-7 пати , бидејки секој пат се кратат целулозните влакна.Сецканата хартија (на шредер) е многу ретко прифатена од комапниите за рециклирање бидејки целулозните влакна се оштетени и рецеиклабилноста е драстично намалена.

Многу е важно хартија , картон , кутиите за храна ( фаст фуд) да бидат чисти , бидејки доколку имаат остатоци од храна на нив или мрснотија , не можат да бидат понатаму употребувани како рециклабилен матерјал.


Салфетките , паломи , фискалните сметки не можат да бидат рециклирани.Хартија/ картон од многу малу димензии (5cm) се препорачува да биде компостирана наместо одлагање.




Пластика


Постојат многу видови пластика , но многу мал дел може да биде рециклиран.

Во Македонија се рециклира само PET (1) тип на пластика што значи- прозирните шишиња за вода . Од овој тип на пластика се направени и прозирните пластични тегли , шишињата за масло за готвење и слично.Најголемиот проблем е дека треба да бидат исклучиво хигиенски исчистени пред нивно одлагање за да може да влезат во процесот на рециклирње.






Важно

при селектирање/рециклирање , многу е важно отпадот да биде двоен според видот и бојата.

На пример , сијаличките се составени од метал и сткало , што значи дека би требало сите делови да се одвојат пред одлагање(не се препопрачува тоа да се прави дома) поради што и тие многу ретко се случува да бидат рециклирани.Исто така стаклата на прозори ,коли , чаши не можат да бидат рециклирани поради тоа што содржат и други материи освен стакло.



Мнгоу од работите кои ги користиме секојдневно или еднократно не можат да бидат рециклирани , како пример може да се земат :

Најлонски кеси , амбалажа на бомобони или чоколади , прозирни амбалажи на зеленчук ,амбалажи на овојшје или салати ; стирпор , чаши за кафе за една употреба , хартија со светкави елементи , огледало , керамика , слики, пластика за еднокранта употреба ( цевки , тањири , прибор за јадење),црна/бела пластика како амбалажа за храна ,фискални сметки, траки за лепење итн..

120 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


Веб страна посветена на жителите на град Скопје, која нуди корисни информации поврзани со одлагање и редуцирање отпад.

© Скопје, 2019 .
 

bottom of page