top of page

Видови Пластика

Updated: Oct 21, 2019

1.Што е пластика ?


Матерјал кој сорджи голема разновидност на синтетички и полу-синтетички органски осединенија.

Се создава од природни матерјали како целулоза ,јаглен , природни гасови , сол и петролеум преку процеси на полимеризација или поликондензација.


2.Видови на пластика



Може да се каже дека постојат околу 100тници видови на пластика, секоја дизајнирана да ги содржи специфичните каратеристки за да ги задоволи потребите на продуктот. Најчесто среќавани видови на пластика , кои се дел од нашето секојдневие се поделени и обележани со 7 симболи , а ти се следните :



Симбол број 1 - може да се рециклира


Најчесто користена пластика од која се прават :проѕирните шишиња за вода , шишиња за масло за готвење , некои други видови амбалажи како пластични тегли и слично.

Овој тип на пластика се рециклира ,но е многу тешко да се деконтаминира и процесот на нивно чистење вклучува штетни хемикалии.

Од рециклираната пластика се создаваат нови шишиња или полиестерни влакна кои потоа се користат во текситлната индустрија.

Се препорачува да се рециклираат а не да се реупотребуваат , бидејки повеќекратната реупотреба води до формирање и множење на бактерии.




HDPE (High-Density Polyethylene)

Симбол број 2 - може да се рециклира

Тврда пластика , отпорна на климатски услови и се користи за :тврди амбалажи за млеко , маси за пикник , корпи за отад , клупи во природа , пакувања за детергенти , играчки и слично.

Најчесто рециклирана пластика бидејки е најпогодна за рециклирање и реупотреба.




PVC (Polyvinyl Chloride)

Симбол број 3 - не се рециклира


Мека и флексибилна пластика често проѕирна која се користи за виткање храна , пакување храна , играчки за миленичиња и деца , црева , кабли итн.

Позната е како отровната пластика бидејки содржи разни токсини и продуктите направени од PVC не се рециклбилни.Некои продукти можат да бидат пренаменети , но не се препорачува да бидат користени за исхрана или деца.





LDPE (Low-Density Polyethylene)

Симбол број 4 - ретко се рециклира

Се користи за кеси на хемиско чистење , шишенца кои може да се стискаат , амбалажи за леб , завеси за туш, мебел за надвор и слично.

Овој тип на пластика е помалку токсичен и релативно безбеден за користење.Погоден за пренамена, но многу ретки производи се рециклабилни. Потребна е консултација со локалните постапувачи со отпад за точни информации за тоа што може да се рециклира од овој тип пластика.

Најечсто рециклиран LDPE се користи за плочки.




PP (Polypropylene)

Симбол број 5- ретко се рециклира


Капачиња за шишиња , цевки за пијалоци , амбалажи за кисело млеко , амбалажи за храна.

Овој тип на пластика е лесен и не пропушта влага поради што се користи многу за пакување на храна , пелени , заштини слоеви и слично.Може да се реупотребва , но ретко се рециклира.Се работи кон тоа на интегрирање на нови програми кој прифаќаат PP за рециклирање. Најчесто од рециклиран полипропилен се прават метли , канти , послужавници , кутии за батерии.




PS (Polystyrene)

Симбол број 6 - многу е тешко да се најде компанија која рецилира.


Евтина пластика која се користи за пластичен прибор за јадење , чаши , кутии за храна и слично што значи дека е палстика за една употреба.

Најголем загадувач на природата и океаните , и во најголем процент најдена во организмите на морските животни.Карциногена за човекот и посебно опасна дококу се загрее во микро-пекча. Кемикалиите кои се наогаат во овој тип на пластика можат да штетат на здравјето на човекот а особено на репродуктивниот систем.Рециклирањето на полиестирен е многу ретка појава.




Дурго (BPA, Polycarbonate and LEXAN)

Симбол број 7 - нема стандардирзирани правила за рециклирање


Не се препорачува да се реупотребуваат , како и се советува да не се користат поради можноста за испуштање на токсини.

Се користат за правњеа шишиња за бебиња, наочари , семафори , делови од кола итн.




3. Животен век


На пластичните производи кои ги користиме секојдневно им се потребни 10-1000 години за разградување.Во тој долгогодишен процес тие исуштаат многу опасни , штетни материи која ја загдауваат животната среди и претстауваат страшна и сериозна закана за здравјето на живите суштества.Само за едно пластично шише за вода се потребни 450 години за да се распадне , но најзагрижувачкиот дел е дека пластикта никогаш не се разградува до крај , таа само се распаѓа во помали делчња до микро делови што значи дека во некаква форма , засекогаш останува со нас.


Моментлано едниствено решение за справување со пластиката е рециклирањето , пренамена и депонирање.Но како излез и ефикасен начин на решавање би било целосното редуцирање и отстрануање на пластиките од секојдневна или еднократна упореба.



Веб страни каде што може да се најдат повеќе информации за пластика :

1,147 views0 comments
bottom of page