Денови на колективно садење дрвја во Македонија 26-27.10.2019 година
Целта на Граѓанската иницијатива е да ги охрабри сите граѓани самоницијативно, доколку се во можност, да засадат дрво првично на својот приватен посед, а доколку обезбедат дозвола и во парковите пред зградите или за тоа одредени површини. Повикани се и останати колективи, групи, компании, доброволно да се приклучат кон акцијата и да засадат што е можно повеќе дрвја на приватни или јавни површини во Македонија, индивидуално или во соработка со локалната самоуправа, на 26 и 27 октомври. Акцентот е ставен на садењето дрвја, доброто на заедницата и граѓанскиот активизам.
Ви благодариме на сите што ја препознавте оваа акција како мал чекор кон големи промени за нашата иднина и иднината на нашите деца. Ајде да дејствуваме целно и колективно 'Засади дрво, не биди трупец" !
За полесно садење, ве молиме одговорете на прашањата подолу. Пополнете ги информациите за вашиот град / општина и обележете ги начините на кои ќе бидете вклучени во организирање и спроведување на акцијата. Точните информации ќе ни овозможат ние и Вие полесно да комуницираме и да ја спроведеме акцијата.
Comments