Search
,,Trash Map-Пријави ѓубре''
,,Trash Map-Пријави ѓубре'' е мобилна апликација креирана од средношколецот Теодор Богоески која е достапна преку интернет-продавницата ,, Play Store''.
Целта на оваа апликација е да служи како мапа на која може да се обележат сите места на кои има некоректно фрлено отпад.
Аплкијацијата е многу едноставна за користење,се што е потребно да се направи е да се фотографира ѓубрето и избере точната локација каде се наоѓа на мапата , и да се постави.
На овој начин се добива прегледност на сите локации со некоректо фрлен отпад , додека институциите добиваат директни информации и можат побрзо да превземат мерки за чистење.
Comments